СЛАВ, Алексиј

СЛАВ, Алексиј (ⅩⅠⅠ – ⅩⅤⅠⅠⅠ в.) – македонски благородник, деспот, самостоен владетел (1207–ок. 1230) со центар во Мелник, роднина на бугарската владејачка фамилија. По смртта на царот Калојан (1207) одбил да ја признае власта на узурпаторот Борил, се осамостоил во Родопската област со центар во Цепена. Набргу го преместил своето седиште во градот Мелник, во долината на реката Струма, каде што формирал независно владение. Водел мудра и внимателна политика кон своите соседи. Во борбата против Борил, склучил сојуз со Латинското Царство (1208) и се оженил со ќерката на латинскиот цар Хенрих И (1206–1216). По смртта на Хенрих, склучил сојуз со епирскиот владетел Теодор И Ангел (1214– 1230), а по поразот на Епирците во битката кај Клокотница (1230), ја признал врховната власт на бугарскиот цар Иван Ⅱ Асен (1218–1241), кој го оставил и натаму самостојно да ги владее своите територии, с“ до смртта. ЛИТ.: К. Аџиевски, Деспот Алексиј Слав – самостоен феудален владетел во Македонија, „Годишен зборник на Филозофскиот факултет“, 3 (29), Скопје, 1977. К. Аџ.