СЛАВЈАНО-МАКЕДОНСКИ ГЛАС

„СЛАВЈАНО-МАКЕДОНСКИ ГЛАС“ (с. Крчишта, Костурско, декември 1943 – јули 1944) – весник, орган на Окружниот комитет на СНОФ за Костурско, на македонски јазик, кирилица. Одговорен уредник бил Лазо Поплазаров. Објавени се вкупно 8 броја (еден вонреден), на шапирограф, во тираж од околу 500 примероци. Неговото излегување престанало со забраната на СНОФ од страна на раководството на КПГ. ЛИТ.: Д-р Боро Мокров, Развојот на македонскиот печат и новинарство (од првите почетоци до 1945 година), Скопје, 1980, 453–456; Д-р Боро Мокров – М-р Томе Груевски, Преглед на македонскиот печат (1885–1992), Скопје, 1993, 49. С. Мл.