СЛАВИШКА КОТЛИНА

СЛАВИШКА КОТЛИНА – се наоѓа на крајниот североисточен дел на РМ. Наоѓајќи се во изворишниот и средишниот тек од сливното подрачје на Крива Река, котлината е како вметната творба помеѓу Осоговските Планини на југ и планината Герман на север. Вкупната површина изнесува 768 км², а само 7.000 ха е рамничарско земјиште. Таа е формирана по тектонски пат во текот на терциерот. Рамката на котлината е ограничена со раседи. Славишко Поле е исполнето со плиоценски езерски седименти. Во плиоценските седименти во атарите на селата Ранковци, Гиновци и др. се јавуваат дебели пластови на бетонитски глини. Во земјоделското производство доминираат планинските жита: ’рж, јачмен, овес, а се одгледува и квалитетен компир. Т. Анд.