СЛАВЕЈКОВ, Петко Рачев

СЛАВЕЈКОВ, Петко Рачев (Трново, Бугарија, 17. Ⅺ 1827 – Софија, 1. Ⅶ 1895) – најистакнатиот бугарски преродбенски културнонационален деец, државник, политичар и општественик во втората половина на ⅩⅠⅩ в., поет, преведувач, публицист и фолклорист. Тој е најактивниот деец во црковните и национално-политичките борби, особено во врска со Македонија, македонскиот јазик и македонските национални пројави. Редактор на в. „Македония“ (Цариград, 1866–1872) и на други бугарски периодични изданија. Претседател на Комисијата за подготовка на бугарски учебници на „македонското наречје“ (1869) и автор на статијата за „Македонското прашање“ (18. И 1871) што првпат јавно го отвора проблемот на „македонизмот“ и „националниот сепаратизам“. БИБ.: СÍчинения. ПÍлно сÍбрание в 10 тома. СÍст. С. Баева, Ел. Диловска, Цв. Македонска. Под ред,. на Г. Цанев, П. Динеков, Ст. Божков, И–В, София, 1963–1977 (полното собрание никогаш не е дообјавено); СÍчинения в 8 тома. Ред. колегия: С. Баева, Д. Леков, Ст. МихаŸлова, П. Тотев и Цв. Унджиева. С предг. от П. Динеков, София, 1978–1981. ЛИТ.: Д. Косев, Петко Рачев СлавеŸков, 1–2, София, 1947–1949; Св. СлавеŸкова, Дядо СлавеŸков. Случки из неговия живот, София, 1957; истата, Петко Р. СлавеŸков, София, 1959. Бл. Р.