СЛАВЕСКИ, Трајко

СЛАВЕСКИ, Трајко (Охрид, 22. Ⅸ 1960) – економист, универзитетски професор, министер за финансии во Владата на Република Македонија. Дипломирал (1983), магистрирал (1988) и докторирал (1997) на Економскиот факултет во Скопје. Завршил и постдипломски студии на Калифорнискиот државен универзитет во Чико, САД (1986&1987) и на Универзи-Трајко Славески тетот Харвард (1989 &1990). Бил визитинг професор на Државниот универзитет во Аризона (1997) и професор на постдипломските студии на Соутх Еастерен Еуропеан Студиес на Националниот каподистриски универзитет во Атина, Грција (1999&2006). Избран е во звањето вонреден професор (март 2003) на Економскиот факултет во Скопје по предметите Макроекономија и Државна регулација. Учествувал на голем број меѓународни научни собири. Автор и коавтор е на пет книги и голем број статии објавени во земјата и во странство од областа на микроекономијата и макроекономијата, политичката економија на транзицијата, приватизацијата и економското преструктурирање, бизнисот и владата, економскиот растеж и развојот, економските и социјалните функции на државата, економиката на работната сила и др. Бил раководител на повеќе владини проекти од кои произлегле владината Среднорочна стратегија за развој и реформиМакедонија 2003“ (2000) и Националната стратегија за намалување на сиромаштијата (2002). Член е на неколку меѓународни истражувачки мрежи и претседател на Извршниот одбор на невладината организација АМЕ (Асоцијација за модерна економија) со седиште во Скопје и Тетово. Бил министер за развој во Владата на Република Македонија(1999&2000), советник на министерот за финансии (2000&2002), национален координатор за подготовка на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата (ноември 2000–септември 2002), потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ (16. Ⅴ 2005 & 17. Ⅲ 2007) и министер за финансии во Владата на Република Македонија(2006&2009). С. Мл.