СКОЧИБУБИ

СКОЧИБУБИ (Елатеридае) – тврдокрилни инсекти со издолжено и сплескано тело. Познати се по способноста за карактеристично отскокнување (со посебен скочен апарат) кога се превртени на грб за да се вратат во нормална положба. Во стадиум на лиЖитен скокач чинка се штетници за житните растенија. Познат вид во Македонија е житниот скокач (Агриотес линеатус Л.). ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.