СКОТИ, Ѓакомо

СКОТИ, Ѓакомо (Гиацомо Сцотти) (Савијано, кај Неапол, Италија, 8. Ⅵ 1928) – италијански поет, преЃакомо Скоти ведувач, литературен критичар и антологичар. Има објавено над сто литературни дела. Преведувач од македонски на италијански на првата Антологија објавена во странство (Сиена, 1965). Потоа во превод на италијански ги објавил и книгите: Македонски раскажувачи (Сиена, 1967), Македонски народни песни (Милано, 1971), Скочивирската Клисура Везилка од Б. Конески (1967); Магли и залези од М. Матевски (1969), Виножито од Б. Вишински (1971); Бели мугри од К. Рацин (1975) и дела од други македонски писатели. Во 2006 г. излезе од печат неговата книга Македонија раскажува. П. Гил.