СКОПСКО-ПРИЗРЕНСКА БИЈА НА РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА

СКОПСКО-ПРИЗРЕНСКА БИЈА НА РИМОКАТОЛИЧКАТА ЦРКВА – организација на католичкото население од Македонија, Косово и Метохија, основана кон крајот на ⅩⅠⅩ в., со центар во Призрен. Била организирана за потребите на католичкото население од римскиот обред, но во текот на ⅩⅩ в., во контекст на многубројните политички промени во подрачјето, повремено под нејзина надлежност било и католичкото население од Југоисточна Македонија од византискиот обред. Од 1991 г. Католичката црква официјално е регистрирана во Република Македонијакако Католичка црква, со две единици: Скопска бискупија, надлежна за верниците од римскиот обред, и Апостолски егзархат во Македонија, надлежен за верниците од византискиот обред. ЛИТ.: ГаспарГјини,Скопско-призренска бискупијакрозстолеќа,Загреб,1986. М. Таш.