СКОПСКО КРАИШТЕ

СКОПСКО КРАИШТЕ – привремена османлиска воено-административна единица, основана по 1391/92 г. Прв краишник (учбег) бил пашата Јигит-бег, наследен од потомците Исхак-бег и Иса-бег. Постепено се проширило над Рашка и во некои делови од Србија и од Босна (составено од седум вилаети). Расформирано по заземањето на Босна (1463). ЛИТ.: Д. Ѓорѓиев, Скопје од турското освојување до крајот на ⅩⅤⅠⅠ век, Скопје, 1997. Б. Петр.