СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

СКОПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ – еден е од најпознатите музички фестивали во Македонија што стекна меѓународна репутација. Покренат е во 1982 г. и од тогаш се одржува во својот редовен термин во третата недела од октомври. Својот европски углед го Плакат од јубилејното 25-то издание на Скопскиот џез фестивал (2006) ните светски џез-музичари што во четвртвековната историја на фестивалот настапија на сцената во Скопје. Меѓу другите во СЏФ настапија и Реј Чарлс, Тито Пуенте, Херби Хенкок, Чик Кориа, Ал Ди Меола, Орнет Колмен и уште низа великани на светските џезсцени. СЏФ беше и промотор на голем број европски џез-музичари, како Јан Гарбарек, Јоаким Кун, Ричард Галиано и др. М. Кол.