СКОПСКИ КОНГРЕС НА ТМОРО

СКОПСКИ КОНГРЕС НА ТМОРО (над с. Кнежево, Кратовско, 2/15. – 9/22. И 1905). Претседавал Ефрем Чучков. Расправал за идејната дејност на Организацијата, проект-уставите, правилниците за четите, финансирањето, надворешните влијанија и односот кон пропагандите. Биле разгледувани и економски и социјални прашања, состојбите во основното образование, хигиената и здравјето на населението. ЛИТ.: Димитар Димески, Конгресот на Скопскиот округ на МРО (јануари 1905 година), сп. „Историја“, 1-2, Скопје, 1992. М. Мин.