СКОПСКИ ЗЕМЈОТРЕС

СКОПСКИ ЗЕМЈОТРЕС (Скопје, 26. Ⅶ 1963, 5 часот и 17 минути) & трет тектонски земјотрес во ова епицентрално подрачје, по настрадувањето на градот Скупи во непосредната близина (518) и Скопје (1555), овој пат со локална магнитуда 6.1. Истиот ден биле регистрирани уште 122 земјотреса. Од земјотресот имаше 1.070 загинати и 3.330 повредени граѓани (1.200 трајни инвалиди), а 85% од објектите беа урнати или тешко оштетени. Градот беше обно-Скопска Црна Гора Разрушената Железничка станица во Скопје (1963) вен со сесрдна солидарност и помош од другите тогашни југословенски републики, ООН и 87 држави од светот. ЛИТ.: Д-р Александар Матковски, Хроника на земјотресот во Скопје (26 јули 1963), Скопје, 1964. С. Мл.