СКОПСКИ ЗАБАВЕН ФЕСТИВАЛ

СКОПСКИ ЗАБАВЕН ФЕСТИВАЛ – прв фестивал на популарна музика во Македонија, првпат одржан во 1968 г. Своите први чекори и афирмација на него направиле голем број автори (Д. Масевски, С. Димитров, Љ. Константинов, К. Костов, А. Џамбазов, Љ. Бранѓолица, Д. Ѓаконовски, В. Димитров и др.), како и најголемиот број од пејачите што во шеесеттите и седумдесеттите години на ⅩⅩ в. ја започнаа и ја градеа својата кариера (Д. Мијалковски, С. Петковска, Д. Панчетовиќ, М. Оџаклиевска и др.). Фестивалот во 1979 г. го имаше своето последно издание од првата етапа. Во 1994 г. СЗФ беше обновен и со прекини се одржуваше до 2004 г. Во овој период на него учествуваа плејада млади автори и пејачи (Љ. Мирковски, Г. Копров, Д. Димитров, како и О. Христовска, Л. Кочовска, Калиопи, Тијана, А. Јаневска, Т. Проески). М. Кол.