СКОЛИИ

СКОЛИИ (Сцолиидае) – големи ципокрилни инсекти. Нивните ларви паразитираат на други крупни инсекти. Женките се разликуваат од мажјаците по големината и по формата, Голема сколија имаат и свиени антени, по што го добиле името (сколиос гр. = крив, свиен), а крилјата им се рудиментирани или се без крилја. Најчест вид во Македонија е големата сколија (Сцолиа флавифронс Фабр.); женката од овој вид пронаоѓа ларви од крупни тврдокрилци, ги парализира и на нив полага јајца. ЛИТ.: Јонче шапкарев, Зоологија на без’рбетните животни, Скопје, 1991. В. Т. К. – М. Кр.