СКОК, Петар (Јурково Село кај Жумберк, Хрватска, 1. Ⅲ 1881 – Загреб, 3. Ⅳ 1956) – хрватски лингвист, ономастичар со светски глас. Од 1892 г. до 1900 г. учел гимназија во Карловац. На Универзитетот во Виена (1900–1904) студирал романска и германска филологија. Бил средношколски професор во Бања Лука и библиотекар во Покраинскиот кралски музеј во Босна и Херцеговина. Од 1919 г. до пензионирањето (1952) работел како универзитетски професор на Филозофскиот факултет во Загреб. Во младоста се занимавал со литература, а подоцна најмногу со лингвистика. Дал исклучителен придонес во повеќе области: романистиката, јужната славистика, кроатистиката, балканистиката, народниот латинитет, етноисторијата, контрастивната лингвистика. На научен план ја докажувал посебноста на македонскиот јазик во светлината на балканските јазици, бугарскиот и српскиот, во полемика со бугарскиот лингвист П. Младенов. БИБ.: Етимологијскирјечник хрватскога или српскога језика, Загреб, ЈАЗУ, 1971–1973; Славенство ироманство на јадранским отоцима. Топономастичка истраживанја, 1–2, Загреб, 1950; Из румунске литературе о балканским Власима,„Гласник Скопског научног друштва“, Скопље, Ⅱ, 1–2, 1927; Ⅲ, 1, 1928. ИЗВ.: Архив на Одделот за романистика на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Загреб, ЗборникучастПетруСкоку остотојоблјетницироѓенја(1881–1956). ЛИТ.: СелакСамарджија,Лексикон хрватскога језика и кнјижевности, Пергамена, Загреб, 2001. Љ. Сп.