СКАЛОВСКИ, Тодор

СКАЛОВСКИ, Тодор (Тетово, 21. И 1909 – Скопје, 1. Ⅶ 2003) – композитор и диригент. Еден од најистакнатите претставници на првата генерација македонски композитори. Својата дејност на полето на музиката ја започнал веднаш по школувањето во Бел-град (кај професорите К. Манојловиќ, М. Милоевиќ и Ј. Славенски). Работел како наставник и диригент, а активен бил и во вреската музичка култура го дал по Војната, кога учествувал во формирањето и работата на клучните музички институции во Македонија. Во неговиот дом, кон крајот на 1944 г., се одржал основачкиот состанок на првиот Симфониски оркестар од кој подоцна (1950) израснува Македонската филхармонија. Тој е негов прв диригент. Во 1947 г. бил поставен за прв директор и диригент на новоформираната Опера. Истовремено учествувал во основањето на Друштвото на музичарите на Македонија (подоцна СОКОМ и СМУМ). Од 1975 г. станал редовен член на МАНУ. Автор е на неколку десетини композиции, главно хорски, но и инструментални – камерни, солистички и, во помала мера, оркестарски. Највисоките дострели ги остварил на полето на хорската музика („Македонско оро“, 1943; „Величанија Кирилу и Методију“ идр.). Од другите негови композиции особено успешна е Суитата за глас, хор и инструментален состав „Балтепе“. Пројавил и богата изведувачка (диригентска) активност. М. Кол. Георги Кастриот Скендербег СКЕНДЕРБЕГ, Георги Кастриот