СКАЛОВСКА-МИРЧОВ, Марија

СКАЛОВСКА-МИРЧОВ, Марија (Каравуково, Србија, 1. Ⅲ 1929 – Скопје, 24. И 2005) – оперска певица, сопран, првенка на Операта на Македонскиот народен театар. Пеење учела приватно, а во 1950 г. е ангажирана како солист во Операта на Српско народно позориште во Нови Сад. Во 1952 добива ангажман во Операта на МНТ, каде што останала до 1975 г. Поседувала мек и топол лирски глас, емотивно богат во својот израз. Била постојан гостин на Белградската опера, а гостувала и во Романија, Бугарија и Германија. Остварила повеќе од 25 улоги од класичниот и домашниот оперски репертоар, од кои позначајни се: Дездемона (Отело), Маргарета (Фауст), Ѓула (Еро од оној свет), Татјана (Евгениј Онегин), Елизабета (Дон Карлос), Ирена (Цар Самуил). Се занимавала и со педагошка дејност, а реализирала и голем број снимки за радио и ТВ. Ф. М. Тодор Скаловски