СИНТЕЗИС

СИНТЕЗИС“ – македонска музичка група. Формирана е во 1995 г. (првото име ДД „Синтезис“). Комбинирајќи ја македонската традиционална музика со модерните аранжмани, создава специфичен стил во кој народните инструменти (гајда, кавал, зурла, тапан, тамбура) звучат заедно со современиот синтесајзер. Групата одржала над 100 концерти низ целиот свет и учествувала на голем број светски реномирани фестивали. Од своето прво ЦД (ДД Сѕнтхесис, 1997), има реализирано вкупно пет ЦД и ДВД-изданија. М. Кол.