СИНАНИ, Азир

СИНАНИ, Азир (с. Арнакија, Скопско, 1927) – работник. Бил учесник во НОАВМ (1944) и демобилизиран како резервен поручник на ЈНА. По Ослободувањето ја завршил Средната партиска школа во Скопје и бил на разни должности во народната власт (1944–1951), а потоа народен пратеник во Републичкиот собор на Народното собрание на НРМ. С. Мл.