СИНАИТСКИ, Теодосија

СИНАИТСКИ, Теодосија – (Дојран, ок. 1780 – Солун, ок. 1844) – книгоиздавач, печатар, преведувач и публицист. Учел во Цариград, престојувал како монах во Синајскиот манастир (денешен Египет), живеел и работел како свештеник во Солун и бил и таксидиот на Синајскиот манастир. Го вбројуваат меѓу првите печатари во Македонија, бидејќи со припомош на тиквешанецот Даскал Камче, кон 1836 г. отворил печатница во селото Ваташа, Кавадаречко, а кон 1838 ја пренел во Солун, снабдувајќи ја со потребните кирилски букви. Во печатницата во Солун се издадени неколку книги („Служение еврејско“, „Утешение грешним“ од Кирил Пејчиновиќ, „Началное учение“ од Натанаил Зографски, „Кратко описание на дваесетте манастири на Света Гора“, „Речник од три јазика“). Неколкупати е палена од непознати сторители. Автор е на краткиот предговор кон книгата „Утешение грешним“ на Кирил Пејчиновиќ. Умрел во Дојран во трагични околности. Г. Т. Страница од Синајскиот еухологиум (Ⅺ в.)