СИНАДИН, Теодор

СИНАДИН, Теодор (ок. 1280 – ок. 1346) – византиски благородник и војсководец, протостратор, намесник на Прилеп и на околните гратчиња и предели на Македонија (до 1320) и на Солун (1340/41–1342). Во граѓанската војна во Византија (1321–1328) го поддржувал Андроник Ⅲ Палеолог. Како негов близок соработник, дваесет години (1321–1342) заземал високи должности во Византија. ЛИТ.: Љ. Максимовиђ, Последње године протостратора Теодора Синадина, ЗРВИ 10, 1967. К. Аџ.