СИНАДИНОВСКИ, Ѓорѓи

СИНАДИНОВСКИ, Ѓорѓи (Гостивар, 26. Ⅹ 1930) – физичар, ред. проф. (1979) на ПМФ. Дипломирал (1955) на Филозофскиот факултет на групата за физика. Докторирал (1974) на ПМФ со истражување на фазната дијаграма на легури од кадмиум и калај врз база на нивните електрични својства. Специјализирал во Загреб и шефилд. Автор е на неколку средношколски учебници и на универзитетскиот учебник „Физика на тврдо тело“. Публикувал во домашни и странски списанија од областа на физиката на мета-лите и легурите, полуспроводниците и тенките филмови. Бил претседател на ДФМ и продекан на Факултетот за физика (1977–79). ЛИТ.: Природно-математички факултетСкопје 1946–1996, Скопје, 1996, стр. 170; 60 години Природно-математички факултетСкопје, Скопје, 2006, стр. 181. В. Ур.