СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ АРИБА

СИНАГОГА ЕЛ КАЛ ДЕ АРИБА (Скопје – ?) – еврејска мала синагога во Еврејското маало. Била активна само на големите празници кога големата синагога не можела да ги прими сите верници. Во објектот биле сместени канцелариите на Општината, како и верското училиште. ЛИТ.: Зени Лебл, Плима и слом из историје Јевреја Вардарске Македоније, Горнји Милановац, 1990. Ј. Нам.