СИНАГОГА АРАГОН

СИНАГОГА АРАГОН (ⅩⅤⅠ в.) – централен храм на арагонските (шпански) Евреи во Битола. Во Тора арката постоел Тора свиток донесен од Арагон (ⅩⅤ в.). Во храмот служеле многу познати рабини, како: Адижес Давид (1575), Аврахам Фалкон (1643), шмуел Чадок (крајот на ⅩⅤⅠⅠ в.), Бенјамин Медина (1730), Аврахам бен Јехуда де Бу-тон (1760), Давид де Бутон (1794), Меркадо Камхи (1838), Ариел-Бен Цион (1913), шабтај Џаин (1924), Аврахам Мориц Романо – последниот битолски рабин (1931). Во Втората светска војна бугарската војска синагогата ја претворила во кланица за свињи, а пред крајот на војната била запалена. ЛИТ.: Ѓорѓи Цолев Димовски, Битолските Евреи, Битола, 1993, 125; Марк Цохен, Ласт Центурѕ оф а Сепхардиц Цоммунитѕ. Тхе Јењс оф Монастир 1839–1943, Нењ Ѕорк, 2003; ЕвреŸски извори за обÈествено–икономическото развитие на Балканските земи през ⅩⅤⅠⅠ век, Ⅱ, София, 1960. Ј. Нам.