СИМОНЧЕ, Владимир

СИМОНЧЕ, Владимир (Охрид, 8. Ⅴ 1934) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1979 до пензионирањето во 1999 г.) по предмети од областа на теоријата на конструкциите. Го завршил Градежниот факултет во Скопје, каде што ја одбранил и докторската дисертација (1977). Се усовршувал во САД (1968–1969) и во Велика Британија (1974–75). Објавил повеќе трудови, главно од областа на статичкиот и динамичкиот одговор на конструкциите. Автор е на апликативен софтвер, а како проектант и консултант учествувал во реализацијата на повеќе инженерски објекти. Бил декан на Градежниот факултет (Ⅹ 1987 –Ⅸ 1991). Љ. Т. Ентериерот на синагогата Арагон во Битола