СИМОНОВСКИ, Методија Николов

СИМОНОВСКИ, Методија Николов (Ѓавато, Битола, 18. Ⅹ 1941) – редовен професор на Ст. ф. во Скопје, спец. по болести на устата и забите. Докторирал во 1982 г. и негова преокупација е хируршкиот третман на пародоналните дефекти. Престојувал во Москва (Русија), Бостон и Колумбус (САД). Публикувал 110 статии. Учествувал во изработката на научни проекти. Во два мандата бил декан на Ст. ф. Е. М. Кирил Симоновски-Џина СИМОНОВСКИ-ЏИНА, Кирил