СИМОВ, Лазар

СИМОВ, Лазар (Тетово, 1907 – Скопје, 1998) – град. инж., ред. проф. на Градежниот факултет во Скопје (од 1961 до пензионирањето во 1977 г.) по предмети од областа на дрвените и масивните конструкции. Дипломирал во Белград (1932), од 1933 г. е на служба во разни делови на Македонија. На Техничкиот факултет бил од основањето во Одделот за градежништво. Основоположник е на Катедрата за дрвени и масивни конструкции, декан на Техничкиот факултет (1957–1961). Особено се значајни неговите постигнувања во обновата на постземјотресно Скопје и на вијадуктите на автопатот Е-75 на делниците СкопјеВелес и Демир Капија–Удово, како и на мостовите меѓу Удово и Гевгелија. Љ. Т. Теменуга Симовска СИМОВСКА, Теменуга Петрова