СИМОВ, Ангел Ахилов

СИМОВ, Ангел Ахилов (Гевгелија, 4. Ⅸ 1935 – Скопје, 25. Ⅸ 1998) – фармацевт, редовен проф. Еден од основоположниците на Фарм. ф. во Скопје и на Катедрата по фармацевтска технологија. Автор на учебникот „Фармацевтска технологија“ и на одделни научни и стручни трудови. Бил долгогодишен директор на Фармацевтската куќа „Алкалоид“ во Скопје и одговорен за осовременување на производниот процес и отворање нови сектори за производство на лекови. Еден од основачите на Фармацевтската комора на Македонија и нејзин претседател (1996–1998) и претседател на Македонското фармацевтско друштво (1974–1976). Л. П.-Т.