СИМОВСКИ, Томислав

СИМОВСКИ, Томислав (Битола, 18. Ⅳ 1929 – Скопје, 23. И 1987) – новинар, дипломат, општественик. По завршувањето на Високата политичка школа во Белград, извршувал повеќе должности во Управата на Републичкиот секретаријат за внатрешни работи (1952–1964). Бил директор на Радио Скопје (1964–1972). Следните три години ги минал како генерален конзул на СФРЈ во Торонто (Канада), а по враќањето станал секретар на Секретаријатот за односи со странство при Извршниот совет на СР Македонија. Избран е за претседател на Републичкиот комитет за меѓународни односи (1982). Ј. Ф. Монета на пајонскиот владетел Симон (аверс/реверс)