СИМИЏИОСКИ, Круме

СИМИЏИОСКИ, Круме (Прилеп, 1913 – Скопје, 1990) – фармацевт. Фармација завршил во Загреб (1936). Краток период работел во Прилеп, а потоа во Бел-град (1938) и повторно во Прилеп, како управник на Градската аптека (1946). Неколку години бил одговорен фармацевт во Министерството за здравство во Скопје, а потоа директор на „Реплек“, каде што останал до пензионирањето (1978). П. Б. Аљоша Симјановски