СИМИЌ, Чедомир

СИМИЌ, Чедомир (с. Чумиќ, Србија, 28. Ⅵ 1896 – Белград, 6. И 1969) – борец против маларијата во Македонија, редовен проф. на Вет. ф. во Белград, академик (на САНУ). Докторирал на Мед. ф. во Стразбур во 1924 г. Се вработува во Заводот за тропски болести во Скопје, каде што бил и директор (1934–1937). Под негово раководство, а со помош на СЗО, е искоренета маларијата (1964). Има публикувано 197 научни и стручни трудови и 6 учебници за студенти. М. Д. – Ј. Б.