СИМИТЧИЕВ, Коле Петров

СИМИТЧИЕВ, Коле Петров (с. Воштарени, Леринско, Грција, 15. Ⅴ 1918 – Вроцлав, Полска, 10. Ⅳ 2003) – македонски и полски славист, фолклорист и проф. на Вроцлавскиот универзитет во Полска. По завршувањето на гимназијата во Лерин (1937) и студииите по класична филологија на Солунскиот универзитет (1941), ги завршува и славистичките студии во филијалата на Софискиот универзитет во Скопје (1944). Првин како борец на НОВ на Македонија (1944), а после во бригада на ЕЛАС составена главно од Македонци, која кон крајот на 1944 г. преминува да се бори на територијата на Македонија. Избран е за член на Политичката комисија за ослободување на Егејска Македонија. Ангажиран е во печатницата на Главниот штаб и заедно со Паскал Паскалевски и Фоти Илковски го издаваат „Билтенот“ на македонски јазик (1945–1946). Во Граѓанската војна во Грција се вклучува во ДАГ и ги преживува битките на Грамос (1947). По решение на ГШ на ДАГ, ги редактира изданијата на македонскиНепокорен“, „Билтен“ и „Нова Македонка“ (1948) и работи на организирањето на македонските училишта на слободната територија во Ег. Македонија. Атинскиот воен суд го осудува во отсуство на смрт (1948). Ра-нет е во борбите и префрлен во албанските болници во Корча и Елбасан (1949), а оттаму во полскиот град Згожелец (1950). Во Грчко-македонската редакција го продолжува издавањето на „Билтенот“ на македонски, а потоа (1951) Редакцијата е преместена во Вроцлав, каде што го редактира в. „Демократ“ (на грчки и на македонски јазик). Обвинет како „Титов агент“, исклучен е од КПГ и пратен на „превоспитување“ во фабрика за амбалажа и како физички работник во задруга во Вроцлав (1953). Рехабилитиран и вратен во Партијата, станува член на Претседателството на ГО на политичките бегалци од Грција во Полска и консултант на Министерството за просвета по македонските прашања (1956– 1968). Автор или коавтор е на 14 учебници на македонски јазик за децата бегалци во Полска, СССР, ЧССР, Романија и Унгарија. Асистент, потоа и професор по старословенски јазик и литература на Катедрата за руска филологија на Вроцлавскиот универзитет, каде што и ја одбранува докторската дисертација „Македонскиот јуначки народен епос“ (6. ⅩⅠⅠ 1966), а хабилитира со темата „Македонската народна лирика“ (1975). Поради болест е пензиониран како редовен професор (1. Х 1988). Има објавено 4 монографии и над 200 разни научни и стручни прилози, а му останува во ракопис подготвениот труд „Баллада лудоња Сљоњиан Полудниоњѕцх“. БИБ.: Мацедовска лирѕка лудоња, Њарсзања–Њроцљањ, 1976; Марко Крале во македонската народна епика (во споредба со српски и бугарски мотиви), ИФ, Скопје, 1981; Пиеќв хајдуцка Сљоњиан пољудниоњѕцх, Њроцљањ, 1985. ЛИТ.: Панде шапкаров, Научното дело на Коле Симитчиев, „Македонија денес“, 11. Ⅶ 2005, 6. Бл. Р. СИМИТЧИЕВ, Паскал Дамјанов