СИМИТЧИЕВ, Дамјан

СИМИТЧИЕВ, Дамјан (Прилеп, 1873 – 1941) – фармацевт. Фармација завршил во Лиеж (Белгија) во 1898 г., како прв фармацевт во Прилеп. По 1900 г. отворил самостојна аптека. Покажал афинитет кон превентивната дејност и бактериологијата што ја изучувал во Лиеж (до 1936). По враќањето во Прилеп го едуцирал населението и вовел задолжителна вакцинација на децата. П. Б. Коле Симитчиев