СИМЕОНОВ, Борис

СИМЕОНОВ, Борис (Штип, 25. Ⅷ 1930) – редовен професор и познат научник од областа на земјотресното инженерство, особено за високоградбата. Дипломирал на Техничкиот факултет (Градежен отсек), во Скопје (1957), магистрирал во ИЗИИС во Скопје (1972), а докторирал на Градежниот факултет во Белград (1982). Престојувал на универзитетите во Токио (Јапонија), Беркли (САД) и Кјото (Јапонија). Автор е на многу научни и стручни трудови и учесник на голем број научни собири во земјата и во странство. Автор е на книгата „Армиранобетонски згради отпорни на земјотреси“ (2003). К. Тал.