СИЛЈАНОВ, Христо

СИЛЈАНОВ, Христо (Истанбул, 26. Ⅴ 1880 – Софија, 26. Ⅸ 1939) – револуционер, историчар, публицист, поет. Основното образование го завршува во родниот град, а средното училиште (класична гимназија) во Солун и Битола. Како поет му посветува песни на Гоце Делчев, а своите доживувања како учесник во револуционерните борби во Македонија и Одринско ги опишува во неколку книги спомени. Во 1933 г., во Софија е објавен првиот том од неговата двотомна студија „Ослободителните борби на Македонија. Илинденското востание“ во издание на Илинденската организација. Вториот том под истиот наслов, но со поднаслов „По Илинденското востание“, е објавен десет години подоцна (1943), исто така во Софија. В. М.-Ч. Јордан Силјанов-Пиперката