СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА, Гордана

СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА, Гордана (Охрид, 11. Ⅴ 1955) – универзитетски професор, правник. Основно и средно образование завршила во Скопје (1973). Дипломирала на Правниот факултет во Скопје (1978), каде што и магистрирала. Докторирала пред комисија предводена од проф. Франц Град со „Цум лауде“ на Правниот факултет во Љубљана, на тема „Лоцал Селфговернамент – бетњеен Нормс анд Реалитѕ“ (1994). Избрана е за асистент по предметот политички систем на Правниот факултет во Скопје (1989), за доцент по уставно право и политички систем (1994), а потоа и за редовен професор (2004). Била член на Уставната комисија на Собранието на Република Македонија(1990–1992) и министер во Владата на Република Македонија(1992–1994). Експерт за избори на ООН и потпретседател на групата Независни експерти за локална самоуправа при Советот на Европа. Член на Венецијанската комисија. Автор е на стотина научни трудови за уставното право и политичкиот систем. Во професијата ја следи идејата за владеење на правото, а не на луѓето. БИБ.: Религион анд Стате, Роттердам, 1999; Демоцрацѕ ин Мултиетхниц анд Мултицултурал Социетѕ – бетњеен Демос анд Етнос, Нењ Ѕорк, 2004; Глобализатион, Демоцрацѕ анд Цонститутионал Енгинееринг ас инструмент фор Ресолвинг етхниц цонфлицтс, Атхенс, 2007. ЛИТ.: Правен факултет – Педесет години 1951–2001, Скопје, 2001. Св. ш. СИЛЈАНОВСКИ, Александар