СИЛА, апостол, св

СИЛА, апостол, св. (втора пол. на И в.) – еден од 70-те апостоли, пријател и сопатник на св. апостол Павле во мисијата во Македонија. Бил член на Ерусалимската црква и како таков посведочувал дека Црквата Матица (Ерусалимската црква) ја признава легитимноста на апостолската дејност на апостолот Павле во Македонија. Сила бил и првиот благослов од Црквата во Ерусалим до Црквата во Македонија. ЛИТ.: Свето писмо на Стариот и на Новиот завет, Лондон, 1990; Ратомир Грозданоски, Послание на светиот апостол Павле до Римјаните, Скопје, 2005. Рат. Гр.