СИКАВИЦА, Доне

СИКАВИЦА, Доне (с. Жужели, Костурско, Егејскиот дел на Македонија, РГ, 15. Ⅸ 1914 – Скопје, 6. Ⅳ 1995) – член на КПГ, уредник на в. „Искра“ (орган за Костурско, на македонски јазик), учесник во НОБ во Егејскиот дел на Македонија и член на Централниот совет на НОФ. Во 1949 г. емигрирал во источноевропските земји, но подоцна се вратил во РМ, каде што и починал. ЛИТ.: Егејска Македонија во НОБ, В, 1948, Скопје, 1981. Ст. Кис.