СИДОВСКИ, Петар

СИДОВСКИ, Петар (Битола, 2. Ⅴ 1938 – Битола, 19. Ⅲ 1989) – педагог и хорски диригент. Дипломирал на ФМУ во Скопје (1971). Долгогодишен наставник на Му-зичкото училиште во Битола. Раководител на Хорот и на Забавниот оркестар при КУД „Стив Наумов“ (1958–1969), на Женскиот хор при Друштвото на музичките работници од Битола (од 1980) и др. Патрон на фестивалот СИ-ДО. Сн. Ч.-Ан.