СИДОВСКИ, Кочо

СИДОВСКИ, Кочо (Битола, 1947) – редовен професор на Филозофскиот факултет (Институтот за историја). Се школувал во Битола и во Скопје, завршил Група историја на Филозофскиот факултет во Скопје (1969), каде што магистрирал (1976) и докторирал (1988). За редовен професор на Институтот за историја е избран во 1999 г. Главниот интерес на неговата научна работа се односите на Италија со Македонија во ⅩⅠⅩ и во поч. на ⅩⅩ в., како и историјата на Ароманците на Балканот. Тој е претседател на Влашкото научно друштво „Константин Бе-лемаче“. Автор е на повеќе научни прилози и на две монографии за политиката на Италија спрема Македонија. ИЗВ.: Билтен на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, бр. 869/43, Скопје, април, 2005. Д. Јов.