СИБИНОВИЌ, Милорад

СИБИНОВИЌ, Милорад (Књажевац, Србија, 1906 – Скопје, 1990) – геод. инж., ред. проф. на Земјоделско-шумарскиот и на Техничкиот факултет во Скопје (од 1958 до пензионирањето во 1975 г.) по предметите мелиорации, водовод и канализација. Дипломирал во Загреб, а докторирал во Белград. Од 1947 г. работи во Македонија на одводнување на Пелагонија, а потоа на Земјоделско-шумарскиот и на Техничкиот факултет. Реализирал повеќе проекти и напишал учебници. Љ. Т.