СЕЈФУЛА, Љутви Лола

СЕЈФУЛА, Љутви Лола (Лутфу Сеѕфуллах) (Скопје, 15. И 1926 – Скопје, 26. Ⅵ 2005) – актер. Во Турската драма на Театарот на народностите во Скопје е од 1950 г. до пензионирањето (1985). Учествувал и во повеќе филмски и телевизиски проекти кај нас и во Турција. Автор е на неколку пиеси играни на сцената на матичниот театар. Неговите сценски ликови, особено во комедиите, силно се вклопени во општиот уметнички развој на Турскиот театар во Скопје. УЛОГ: Каја („Алош“), Митке („Коштана“), Јеротие („Сомнително лице“), Аргон („Вообразен болен“), Градоначалникот („Ревизор“), Скапен („Ѓаволштините на Скапен“) и др. Р. Ст. Кемал Сејфула -Орак