СЕТИНА – средновековно утврдување во Југоисточна Пелагонија, една од престолнините на Самуиловото Царство, каде што Самуил имал свои дворци. Ја освоил и ја запалил царот Василиј Ⅱ (1017). Се наоѓала на 1 км северозападно од с. Сетина (Скопос), на локалитетот Кале. Остатоци од утврдувањето се зачувани до денес. ЛИТ.: В. Кравари, Виллес ет виллагес де Мацéдоине оццидентале, Парис, 1989, 329. К. Аџ. Улица во Еврејското Маало во Скопје

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.