СЕРЕЧИ, Антон

СЕРЕЧИ, Антон (Скопје, 22. ⅩⅠⅠ 1947) – новинар. Во Македонското радио работел како спорт-ски новинар од 1970 г. Бил уредник на Програмата на албански јазик (1996-1997), директор и главен уредник на Македонското радио (1999-2002). Како еден од првите спортски новинари на Програмата на албански јазик се јавува во многу директни радиопреноси од домашни, како и од меѓународни спортски манифестации. Ј. Ф. Енцо Серини