СЕРАФИМОВА, Драгослава Томова

СЕРАФИМОВА, Драгослава Томова (Скопје, 30. Ⅶ 1924) – Драгослава Серафимова архитект и урбанист, редовен професор на Архитектонскиот факултет во Скопје. Дипломирала на Архитектонско-градежно-геодетскиот факултет во Загреб (1954). Освен со педагошка и научноистражувачка работа, се занимавала и со архитектно и урбанистичко проектирање. Позначајни реализации: Фабриката за шеќер, со административен објект во Битола, Фабриката за чевли во Куманово, Кланицата и ладилник за овошје во Крива Паланка. Од областа на урбанизмот: урбанистичко решение за центарот на Гевгелија и за населбата Ваташа во Кавадарци, како и детален урбанистички план на Делчево (со А. Токарев). Посебно внимание посветила на планирањето и изградбата на детски игралишта. Се занимавала и со публицистика. Објавила повеќе научни и стручни трудови во Зборникот на Архитектонскиот факултет и во други стручни списанија. Кр. Т. Олга Серафимова-Стефанова