СЕПТЕМВРИСКО ВОСТАНИЕ во Бугарија

СЕПТЕМВРИСКО ВОСТАНИЕ во Бугарија – востаничка акција во Пиринскиот дел на Македонија (1923). ЦК на БКП(т.с.) донел решение за кревање востание (20. Ⅸ 1923) против извршителите на државниот удар од 9. Ⅵ 1923. Со ВМРО на Тодор Александров би-ло договорено во Пиринскиот крај да востане само МехомискоРазлошката околија. За кратко време во градовите Мехомија–Разлог и Банско и селата Белица, Бачево, Бања, Добриниште, Елешница, Годлево, Горно и Долно Драглиште и Дебрско власта ја презеле востаниците. Недоволно подготвеното востание било бргу и лесно задушено. Поради формирањето на Горноџумајскиот востанички одред, ВМРО на Т. Александров жестоко се пресметала со членовите на Окружниот комитет на БКП(т.с.) и со борците на Горноџумајскиот востанички одред. Другите учесници во Востанието во Разлошко животите ги зачувале благодарение на Алеко Василев-Пашата. ЛИТ.: Иван Катарџиев, Борба до победа, 2. Време на зреење. Македонското национално прашање меѓу двете светски војни (1919–1930), Скопје, 1983; История на благоевградската окрÍжна организация на БКП, София, 1979. В. Јот. Кочо Серафимов СЕРАФИМОВ, Кочо Гаврилов