СЕЛСКА МИЛИЦИЈА

СЕЛСКА МИЛИЦИЈА (1903) – организирана група за одбрана и заштита на селата во периодот на Илинденското востание. Се нарекувала и народна милиција. Била составена од месното население и членовите на ТМОРО, мобилна за одбрана на селото, обучена на повик да им даде помош на соседните села. Милицијата ја раководел селскиот комитет или лице одредено од РО. ЛИТ.: Ристо Дамјановски, Востаната Македонија, Скопје, 1990. В. Ст. СЕЛСКИ СТРАЖИ во НОВМ