СЕЛМАНИ, Аслан Рамиз

СЕЛМАНИ, Аслан Рамиз (Рамиз Асллан Селмани) (с. Лојане, Кумановско, 10. Ⅵ 1945) – географ, поет, унив. професор. Основно училиште завршил во родното село и во с. Миратовце, Прешевско (РС), Учителска школа во Скопје, а дипломирал на Природно-математичкиот факултет во Скопје, на Групата за географија. Магистрирал на Загрепскиот универзитет (1976), а докторирал на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (1982). Работел како професор во гимназијата „Зеф Љуш Марку“ (1967–1972) и на Педагошката академија „Климент Охридски“ во Скопје (1978–1986). Бил пратеник во Собранието на Република Македонија(1990–1992 и 1998–2002) и министер за наука во Владата на Република Македонија(1992–1994 и 1996–1998). Од 1986 г. работи како редовен професор на Природно-математичкиот факултет, Институт за географија, на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Учествувал на голем број научни собири и симпозиуми во земјата и во странство. Член е на ДПМ (1992). БИБ.: Ваји и васхшс дхе Лловаруна (Лаворуната и тагата на момата), „Флака“, Схкуп, 1973; Гјин Газулли – јета дхе вепра (Ѓин Газули – живот и дело), 1997; Фѕелли и мшнгјезит (Утринската шупелка), „Флака“, Схкуп, 1981; Пус (Бунар), „Флака“, 1986; Гур и кристш (Пукнатиот камен), „Флака“, Схкуп, 1990; ПШрсшри нш Лловарунш (Повторно во лаворуна), „Флака“, Схкуп, 1995; Популлсиа е Маљедонисш, студим Логос А (Населението во Македонија), Схкуп, 2004; Токш е фундосур, „Флака“, Логос А, Схкуп, 2005; По вијнш кохшрат (Времињата доаѓаат), поези, Логос, А, Схкуп, 2005; Географија за Ⅳ година, Скопје, 1989; Географија за И година природно-математичка насока, Скопје, 1989; Гјеографиа пшр кл. е И гјимназ, Логос А, Схкуп, 2002; Гјеографиа пшр кл. е Ⅶ, Ⅷ тш схколлаве филлоре, Логос А, Схкуп, 2002. А. П.