СЕЛИШЧЕВ, Афанасиј Матвеевич

СЕЛИШЧЕВ, Афанасиј Матвеевич (с. Волово, Орелска губернија, Русија, 11. И 1886 – Москва, 6. ⅩⅠⅠ 1942) – руски лингвист, историчар, културолог, доп. член на АН на СССР (1929), познавач на Македонија. Автор е на повеќе дела посветени на Македонија. Ја проучувал споредбената граматика на словенските јазици, па во текот на 1914 г. го издава својот „Вовед во споредбената граматика на словенските јазици“ (Казан, 1914). Постепено се профилира во ненадминат специјалист по македонската и бугарската дијалектологија, заради што во 1930 г. е примен за член-кореспондент на БАН. Посебен интерес во неговата научна проблематика имаат македонските теми. Во текот на летните месеци на 1914 г. ја посетува Македонија, успевајќи да присобере богат изворен материјал за своите подоцнешни студии, особено за Тетовскиот, Скопскиот и Кратовскиот крај. Темата на македонските дијалекти, топонимијата и етнографијата и допирите со другите јазици на Балканот му станува доминантен интерес во неговата творечка судбина. Во 1918 г. ја издава својата книга „Очерки по македонскоŸ диалектологии“. Интересите му се прошируваат врз проучување на дијалектите во Долни Полог, Битолско, Прилепско и Охридско, а се надополнуваат и со проучувања на изворите, каков што е Данииловиот четиријазичник (1802), како и творбите на Кирил Пејчиновиќ. Со страст на амбициозен научник, ги разоткрива дијалектните црти на Полог врз фонот на општествено-битовиот и културноисторискиот живот на неговото население, бидејќи во неговото дело нашле место и етнографијата, и демографијата, и историјата и јазикот на Македонија. Од исти методолошки позиции тој пристапува и при елаборацијата на својот научен проект „Говорите во областа на Скопје“ (1931). Посебно интересна му е монографијата „Македонските кодици, ⅩⅤⅠ–ⅩⅤⅠⅠⅠ в. Огледи по историската етнографија и дијалектологија на Македонија“ (1933), во која ги разгледува кодиците на манастирите Матка (Скопско), Слепче (Битолско) и Трескавец (Прилепско). Во своите студии често Македонските Словени ги наречува само како Словени, поради потреба од нивна диференцијација со несловенските народи во регионот. Трудовите на А. М. Селишчев, посветени на македонска тема се по многу нешто образцови по начинот на кој се користат ономастичките факти и појави, особено за реконструкција на постари процеси. Јазичните појави и процеси ги разгледува во поширок културно-историски контекст, па уште во својот старт во науката, за македонските централни и западни говори забележува дека содржат белези и карактеристики што ги издвојуваат како посебност. Ваквиот преднасет на блиската по време конвенција, која ќе ги дефинира и кодифицира како посебна јазична нор-ма овие говори преку Мисирков (1903), го претставува славистот во улога на видовит научник. БИБ.: Отчет о занятиях за границеŸ в летнее ваканционное время 1914 года, „УченÎе записки Императорскаго КазанÏскаго университета“, 6&7, 1915; Очерки по македонскоŸ диалектологии, 1, КазанÏ, 1918; Запис Горно-реканца. Из заметок по Ìтнографии и диалектологии Македонии, „УченÎе записки ВÎсшеŸ школÎ г. ОдессΓ, Отдел гум. обÈ. наук. ПосвяÈается профессору Борису МихаŸловичу Ляпунову по случаÓ 30-летия его преподавателÏскоŸ деятелÏности, Ⅱ, Одесса, 1922; Кирил ПеŸчинович, Сборник в чест на Васил Н. Златарски по случаŸ на 30-годишната му научна и професорска деŸност, София, 1925; Заметки по Ìтнографии и диалектологии Македонии. Помянник монастÎря Трескавца, Сборник статеŸ в честÏ академика А. И. Соболевского, изданнΟ к днÓ 70-летия со дня его рождения АкадемиеŸ наук по почину его учеников, Ленинград, 1928; ФолÏклорнÎе и диалектологические материалÎ по Македонии (1924-1927), „Славиа“, Ⅶ, 3, Праха, 1928; Полог и его болгарское население. Исторические, Ìтнографические и диалектологические очерки Северо-западноŸ Македонии (С ÌтнографическуÓ картоÓ Полога), София, 1929; СемеŸната „служба“ (курбан) в БÍлгария и Македония и срÍбската „слава“, „Македонски преглед“, В, 2, София, 1929; СемÏя Д. Миладинова. Из донесениŸ консула М. Хитрово (1864), „Македонски преглед“, В, 3, София, 1929; И. С. œстребов о Македонии, „Македонски преглед“, Ⅵ, 3, София, 1930; Славянское население Албании (С иллÓстрациями в тексте и с картоÓ Албании), София, 1931; ГоворÎ области СкопÏя, „Македонски преглед“, Ⅶ, 1, София, 1931; Една интересна дописка от солунското село КиречкÏоŸ от края на миналия век, „Македонски преглед“, Ⅷ, 2, София, 1932; Македонские кодики ⅩⅤⅠ–ⅩⅤⅠⅠⅠ вв. Очерки по историческоŸ Ìтнографии и диалектологии Македонии, София, 1931; Диалектологическое значение македонскоŸ топонимии, Сборник в чест на проф. Л. Милетич за седемдесетгодишнината от рождението му, София, 1933; Ⅴ Кукуше в 50-х годах ⅩⅠⅩ века, „Македонски преглед“, Ⅷ, 3, София, 1933; Македонская диалектология и сербские лингвистÎ А. Белич и его последователи, „Македонски преглед“, Ⅸ, 1, София, 1933; Завет ПервоŸ ŒстинианÎ, „Македонски преглед“, Ⅸ, 2, София, 1934; Хаджи Јоаким и язÎк его книг, „Македонски преглед“, Ⅸ, 3, София, 1935. ЛИТ.: Р. И. Аванесов, Љ. Милетич, С. Б. Бернштејн, Е. А. Василевскаја, В. В. Виноградов, К. Мирчев, М. Сл. Младенов, Рина П. Усикова. Г. Т. Аслан Селмани