СЕЛИМОВСКИ, Јакуп

СЕЛИМОВСКИ, Јакуп (Кичево, 3. Х 1946) & член на Ријасетот на ИВЗ и директор на нејзиниот Сектор за верско образование и воспитание. По завршувањето на основното образование во родниот град и Средното исламско училиште во Сараево, а дипломирал на Филолошкиот факултет (Група за исламска цивилизација и историја) на Исламскиот универзитет „Ел-Асхар“ во Каиро (Египет). Работи во ИВЗ како референт и секретар на старешинството (1972&1980), кога е поставен за претседател на ИВЗ на СРМ (1980 &1991), по кое е избран за Реис улема на ИВЗ на Југославија до нејзиното распаѓање (1991&1993). Членувал во Соборот на ИВЗМ и во Врховниот собор на ИВЗЈ, како и во Старешинството на ИВЗМ и во Врховното старешинство на ИВЗЈ (од 1980). Единствен член од регионот во Светската исламска лига во Мека (Саудиска Арабија, 1990&1998), претседател на Собранието на исламските верски заедници за Југоисточна Европа во Виена (1989) и учесник на Првата конференција на Евроазиската исламска асоцијација (1992) во Анкара (РТ)., како и на многу други меѓународни конференции за мир и соработка меѓу цивилизациите. Иницијатор за отворање средно исламско училиште (1983) и идеен основач на Факултетот за исламски науки во Кондово. Под негово раководство во 1987 г. започнува објавувањето на исламскиот тријазичен весник „Млада месечина” (на турски, албански и македонски) и формирањето на хуманитарната организација „Ел Хилал“ (1989). Бл. Р. Афанасиј Матвеевич Селишчев